Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ. РАЗМИСЛИ НАЦРТАЈ И ОБОЈ!

Во една зелена ливада се шетала баба со својата внука.Во ливадата имаше цвеќиња во различни бои.Имаше и пчели, пеперутки и три птици.Внуката носеше корпа за цвеќиња.Беше облечена во црвено фустанче.Бабата носеше торба со храна Торбата беше сина.

ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ. РАЗМИСЛИ НАЦРТАЈ И ОБОЈ!

Во детската соба обоена со жолта боја стоеше Христијан.На неговиот кревет имаше плава перница и шарено кебенце.На ѕидот од собата беше обесен ѕидниот часовник во форма на куќичка.Тој има многу играчки наредени на полица. Има една зелена фотелја на која се одмара кога ќе дојде од училиште.

ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ. РАЗМИСЛИ НАЦРТАЈ И ОБОЈ!

Во една шума ловецот Никола шеташе со своето куче Макс.Макс беше црно-бел.Никола носеше ловечка капа и пушка. Во шумата имаше многу дрвја и грмушки.Од зад едно дрво се појави кафена мечка.На едно од дрвјата имаше гнездо за птици.

ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈ ГО ЦЕЛИОТ ТЕКСТ. РАЗМИСЛИ НАЦРТАЈ И ОБОЈ!

Еден сончев ден рибарот Климе ловеше риба во Охридското Езеро. Неговото кајче беше кафено. Од надворешната страна на кајчето имаше закачено шарена гума за пливање Климе носеше блуза на риги со плаво бела боја.На главата носеше шешир.Имаше и голема јадица. Во далечината се гледаа планини со сиво плава боја.

Работен лист Име и презиме_________________________________

Датум: Прочитај, нацртај и напиши!

Со сина боичка нацртај голем круг на средина од листот. Со црна боичка нацртај два круга како уши на големиот круг. Со црвена боичка нацртај му уста на големиот син круг. Со зелена боичка нацртај му две очи на синиот круг. Со кафена боичка нацртај му коса. Нацртај и нос, боичка по избор.Под цртежот напиши му име какво што сакаш. Очекувани резултати: Чита и го разбира прочитаното: целосно делумно не разбира

 

Работен лист Име и презиме_________________________________

Датум: Прочитај,нацртај и напиши!

Со сина боичка нацртај голем круг на средина од листот. Со црна боичка нацртај два круга како уши на големиот круг. Со црвена боичка нацртај му уста на големиот син круг. Со зелена боичка нацртај му две очи на синиот круг. Со кафена боичка нацртај му коса.Нацртај и нос, боичка по избор.Под цртежот напиши му име какво што сакаш. Очекувани резултати: Чита и го разбира прочитаното: целосно делумно не разбира

Одделенски наставник:    Родител:___________