Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Хемија за 8мо одд

 Изработка на сопстевни индикатори и нивно тестирање

Индикаторите се супстанци кои што ја менуваат својата боја во различна средина: кисела,неутрална или базна.

На часовите ,видовме како се бои лакмусот,метил оранжот и фенолфталеинот во кисела и во базна средина. Но,и Вие самите можете да приготвите индикатори т.е. растителни индикатори и да ја забележите бојата која што ја покажуваат во кисела и во базна средина.Како вакви средини,ќе искористите продукти што се целосно безбедни и ги имате дома,во кујната.

За да изработите сопствен растителен индикатор ви е потребно некое од следниве растенија: цвекло,морков,црвена зелка,чај од шумско овошје,чај од брусница или сл. Искористете мало парче од некој од гореспоменатите намирници,тоа што во моментот имате дома-не одите под ниеден услов да купувате-

Да ги почитуваме препораките на Владата!-здравјето пред се! Пример ,цвеклото исечете го на парченца и зовријте го во малку вода,додека убаво не се така да речам,да се вцрвени течноста -тоа ке бидат неколку милилитри-тоа е вашиот подготвен индикатор. Слично и со чајот,ако е рефус,сварете во малку вода-неколку милилитри. Додека се приготвува вашиот индикатор,земете лист од блок или филтер за кафе(тоа што имате дома),и со ножичка изрежете некоја ваша омилена форма: срце,цвеќе,буква.... и направените формички натопете ги во некоја од растворите од киселини што ги користите во исхраната: оцет,јаболкова киселина,лимонска киселина....,па оставете да се исушат.Потоа потопете ја претходно исушената формичка во Вашиот изладен индикатор и забележете какво обојување ќе добиете. Некои пак од формичките натопете ги во раствор од сода бикарбона-сите имате дома,повторно истата постапка-исушете , па натопете во вашиот индикатор. И овојпат ,запишете ја бојата и споредете!

Резултатите можете да ги средите во табела,а вашите изработки слободно зачувајте ги,пример залепете ги на лист од блок,фотографирајте ги и пуштете ми ги на pavlince.risteska@gmail.com

Покрај тоа што треба да си го повторувате претходно усвоениот материјал,ова е вашата задача по хемија за оваа седмица- За се што сакате да ме прашате,пишете на горедадената електронска пошта. Твојот наставник по хемија Павлинче Т.Ристеска

Реакции на неутрализација 8одд

Хемија за 8мо одд

 

Изработка на сопстевни индикатори и нивно тестирање

Индикаторите се супстанци кои што ја менуваат својата боја во различна средина: кисела,неутрална или базна. На часовите ,видовме како се бои лакмусот,метил оранжот и фенолфталеинот во кисела и во базна средина. Но,и Вие самите можете да приготвите индикатори т.е. растителни индикатори и да ја забележите бојата која што ја покажуваат во кисела и во базна средина.Како вакви средини,ќе искористите продукти што се целосно безбедни и ги имате дома,во кујната. За да изработите сопствен растителен индикатор ви е потребно некое од следниве растенија: цвекло,морков,црвена зелка,чај од шумско овошје,чај од брусница или сл. Искористете мало парче од некој од гореспоменатите намирници,тоа што во моментот имате дома-не одите под ниеден услов да купувате-Да ги почитуваме препораките на Владата!-здравјето пред се! Пример ,цвеклото исечете го на парченца и зовријте го во малку вода,додека убаво не се така да речам,да се вцрвени течноста -тоа ке бидат неколку милилитри-тоа е вашиот подготвен индикатор. Слично и со чајот,ако е рефус,сварете во малку вода-неколку милилитри. Додека се приготвува вашиот индикатор,земете лист од блок или филтер за кафе(тоа што имате дома),и со ножичка изрежете некоја ваша омилена форма: срце,цвеќе,буква.... и направените формички натопете ги во некоја од растворите од киселини што ги користите во исхраната: оцет,јаболкова киселина,лимонска киселина....,па оставете да се исушат.Потоа потопете ја претходно исушената формичка во Вашиот изладен индикатор и забележете какво обојување ќе добиете. Некои пак од формичките натопете ги во раствор од сода бикарбона-сите имате дома,повторно истата постапка-исушете , па натопете во вашиот индикатор. И овојпат ,запишете ја бојата и споредете! Резултатите можете да ги средите во табела,а вашите изработки слободно зачувајте ги,пример залепете ги на лист од блок,фотографирајте ги и пуштете ми ги на pavlince.risteska@gmail.com Покрај тоа што треба да си го повторувате претходно усвоениот материјал,ова е вашата задача по хемија за оваа седмица- За се што сакате да ме прашате,пишете на горедадената електронска пошта.

Твојот наставник по хемија Павлинче Т.Ристеска