Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Домашната задача да биде готова до среда, 08.05.2020 и испратена на маил Violeta.markoska@yahoo.com Секој го решава она ниво кое го знае (или прво или второ или трето). Значи секој треба да реши по 3 задачи!!! Ниво 1 1. Да се конструира нормала на права 2. Да се конструира нормала на правата р од точката М 3. Да се конструира нормала на правата а од точката В што лежи на правата Ниво 2 1. Нацртај кружница со радиус 5cm. Потоа конструирај квадрат во кружницата 2. Со помош на конструкцијата од претходната задача конструирај правилен осумаголник 3. Нацртај кружница со радиус 5cm и во неа конструирај правилен шестаголник и рамностран триаголник Ниво 3 1. Нацртај кружница со радиус 4,5 cm. Потоа конструирај квадрат и осумаголник во кружницата и определи ги нивните плоштини 2. Нацртај кружница со радиус 4cm и во неа конструирај правилен шестаголник и рамностран триаголник и пресметај ги нивните плоштини 3. Конструирај триаголник со страни 4cm, 5cm, 7cm. Пресметај плоштина на триаголникот.

Конструкција на нормала на права 06.04.2020

4. Конструкција на квадрат и правилен осумаголник (втората конструкција произлегува од првата) 1. Цртаме произволна кружница 2. Цртаме дијаметар на кружницата 3. Цртаме нормала на дијаметарот. Со произволен отвор на шестарот цртаме кружни лаци над и под дијаметарот од едната крајна точка 4. Истата постапка ја повторуваме и од другата крајна точка на дијаметарот 5. Повлекуваме нормала со линијар и ги определуваме пресечните точки на нормалата со кружницата. 6. Се поврзуваат редоследно сите точки кои ги добивме на кружницата, се добива квадрат За да се нацрта осумаголник ја користиме постапката за цртање на квадрат со дополнуваање – конструкција на симетрали на правите агли кои се формираат околу центарот на кружницата Конструкција на шестаголник и рамностран триаголник – да се нацрта шестаголник впишан во кружница со радиус 4cm 1. Цртаме отсечка со должина 4 cm. 2. Шестарот се отвара колку што е должината на отсечката 3. Се црта кружница 4. Со истиот отвор на шестарот (4cm, внимавајте да не се промени), се избира произволна точка на кружницата и се црта кружен лак. 5. Со истиот отвор шестарот се забодува во новата точка и се црта нов кружен лак 6. Истата постапка се повторува уште 4 пати 7. Се поврзуваат шесте точки 8. Ако се поврзат преку една точка, се добива рамностран триаголник

Конструкција на нормала на права 06.04.2020

 Цели: 1. Конструкција на нормала на права 2. Конструкција на нормала на права од дадена точка што не лежи на правата 3. Конструкција нанормала на права од дадена точка што лежи на правата 4. Конструкција на квадрат и правилен одумаголник 5. Конструкција на правилен шестаголник и рамностран триаголник 6. Примена на конструкции при решавање на задачи НАПОМЕНА: Сите погоре опишани конструкции со објаснување ги има во учебник на 193-200 страна. 1. Конструкција на нормала на права 2. Конструкција на нормала на права од дадена точка што не лежи на правата 3. Конструкција нанормала на права од дадена точка што лежи на правата Конструкциите се детално објаснети во следното видео: https://www.youtube.com/watch?v=Zqr8uAzU62U&feature=youtu.be Како дополнителна задача во видеото е објаснета конструкција на висина во триаголник што всушност е конструкција на нормала. Оваа задача се користи како поздача во крјните задачи, примена на конструкции. Наставник:Виолета Маркоска Violeta.markoska@yahoo.com Violeta_markoska@hotmail.com