Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Информатика материјали

Драги ученици, материјалите по информатика ќе ви бидат на располаѓање на страницата

https://natasaristeska.wordpress.com/

За учениците во шесто одделение одбирате јазиче Шесто, а за седмо одбирате јазиче Седмо. 

На страницата може да оставате и коментари и слободно да прашувате.

Информатика за 7 одд, активности за периодот до 20.03

Наредните задачи речи ги на лист (доколку некој има инсталирано дома Python), може и на компјутер и испрати ги на мојот маил natasa.risteska@gmail.com

Користи ги наредбите input за внес на податоци, и print за прикажување на податоци.

Задачи:

1. Спортист трча околу еден стадион до ширина ѕ и должина d. Ширината и должината на стадионот се цели броеви се внесуваат од тастатура. Да се пресмета колку ќе истрча спортистот ако трча 5 круга и резултатот да се прикаже.

2. Еден двор во форма на квадрат има периметар L. Таа  вредност се внесува преку тастатура. Да се пресмета колку изнесува неговата страна и таа да се прикаже.

3. Се внесуваат два броеви а и в од тастатура. Да се пресмета средната вредност и да се прикаже.

4. Се внесува бројот а. Да се пресмета квадрат од овој број, и да се прикаже.

5. Се внесуваат броевите a,b,c и d од тастатура. Да се пресмета следниот израз r=(a+b)%c-d*a и да се прикаже резултатот 

ИНФОРМАТИКА ЗА 6то ОДДЕЛЕНИЕ Активности за периодот од 16.03 до 20.03.2020

 СЛЕДНИВЕ ПРОБЛЕМИ РЕШИ ГИ СО ПОМОШ НА БЛОГ ДИЈАГРАМ:

1. Се читаат два броеви а и б. Да се пресмета нивниот количник и прикаже.

2. Се внесуваат трите страни на еден триаголник а,б и с. Да се пресмета периметарот на триаголникот и да се прикаже.

3. Се чита број а. Да се пресмета квадрат на бројот и да се прикаже.

4. Се чита број а и број в. Да се пресмета 2*а+2*в и да се прикаже.

5. Се чита број а. Ако е помал од 0 да се прикаже негативен, ако не да се прикаже позитивен.

6. Се чита бројот на години на еден ученик во ООУ Блаже Конески. Ако бројот е поголем од 11 да се прикаже пораката „Учи во предметна настава“, ако не пораката „учи во одделенска настава“

7. Се читаат броеви а и в. Ако а е поголемо од в, да се соберат и прикаже збирот, ако не да се одземат и да се прикаже разликата.

Решавајте ги задачите, сликајте ги решенијата и испратете ми ги на мојата електронска адреса natasa.risteska@gmail.com