Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Активности по предметот Македонски јазик за 9то одделение за периодот од 06.04.2020 до 10.04.2020 год.

1.Форми за службена комуникација 2. Начински зависносложени реченици (со видео презентација) 3. ,,Македонска крвава свадба” – В.Чернодрински(анализа на извадокот) 4. Двојна природа на драмски текст Со учениците ќе комуницирам со апликацијата Google classroom каде ќе ги добиваат инструкциите за работа и домашните работи.

Активности за учениците од 9 одд. од 30.03.2020 до 03.04.2020г. по предметот Македонски јазик

1. Да се прочита наставната содржина од учебникот: Шминката изразно средство во филмот, а потоа учениците ако имаат можност да истражат на интернет за улогата на шминката во филмот-можат да ги користат следниве линкови:

Шминка во филм - Роземак rozemak-rozemak.blogspot.com › blog-post https://prezi.com/5hxp82lr3jhz/by-slave-koteski/ Изразни средства во филмот by Slave Koteski https://prezi.com/2-jkta64hlak/presentation/

2. Односни зависносложени реченици (учебник стр.37) Да се обрне внимание на делот Размисли,заклучи и убаво да се размисли врз основа на дадените примери кои зависни реченици се односни,на што се однесуваат , со што ќе се дојде до заклучокот дека: Односните реченици се однесуваат на дејството во главната реченица или на еден нејзин член. Во делот Согледај, внимателно да се разгледаат примерите за да се сфатат значењата кои можат да ги имаат односните реченици. Да се запомнат сврзувачките средства за односните реченици и интерпункцијата(во делот Од правописот). Во тетратките да се запишат речениците кои се дадени како примери во учебникот или ако може секој ученик да состави свој пример,да се препишат сврзувачките средства и правописните правила(интерпункција). Домашна работа:Да се напишат двете вежби од учебникот на стр.38

3.Анализа на извадокот „Бегалка“ од Васил Иљоски (учебник стр.93) Да се обрне внимание на делот Присети се за да се повторат стекнатите знаења за драмата како литературен род и како литературна творба. Внимателно да се прочита извадокот и со помош на делот Разговор за текстот да се изврши анализата при што ќе треба да се определи темата,уметничките целини ,идејата и ликовите .Анализата ја пишувате во тетратките.

4.Композиција на драмски текст Во Учебникот на стр.96 во делот Запомни објаснето е за конфликт и како тој допринесува да се развиваат етапи во драмското дејство.На овој дел да се обрне посебно внимание и да се запомни дека драмското дејство се одвива во пет етапи. Во тетратките да се препиши шемата и објаснувањата за етапите. Врз основа на објасувањата определете ги етапите во развојот на драмското дејство во извадокот „Бегалка“ од Васил Иљоски

Активности за учениците од 9 одд. од 23.03.2020 до 27.03.2020г. по предметот Македонски јазик

 1. Наставна содржина : Споредба меѓу филм и дело со научно –фантастична содржина;(2 часа)

Активности : Гледање трајлер на филмот Хари Потер и Каменот на мудроста и размислување за содржината на романот. https://www.youtube.com/watch?v=Rbxjfo7uir0

Самоанализа за романот и филмот со помош на веб страницата http://mk.wikipedia.org/wiki/Хари_Потер_и_Каменот_на_мудроста_(филм ) - самостојна работа на учениците- изработка на споредбата.

Учениците индивидуално ги изработуваат дијаграмите на лист; Пр. И двете се уметнички дела, но изразно средство во литературата е зборот, а во филмот сликата во движење

. Под поимот адаптација се подразбира прилагодување на веќе постоечко уметничко (литературно) за потребите на филмското производство

2. Наставна содржина : Да се изврши анализа на песната ,,Рането срце,, од К Неделковски (според плановите како што досега сме ги правеле анализите на поетски творби)

3. Наставна содржина: Допусни зависносложени реченици Активности : Што ја сочинува структирата на сложената реченица ? Како се делат сложените реченици според меѓусебниот однос на дел-речениците во нив? Која реченица се нарекува главна во сложената реченица?

Главен дел – реченицата Дојде во училиште, иако беше болен. Игор застана, макар што остра болка го прободе во ногата.. Макар што беше уморен, седна да учи. - преку примерите имаме допуштање да се врши дејството во главната реченица. - прашање: Што означуват зависните дел реченици во дадените примери?

Очек.одговори: Зависните реченици допуштаат да се извршат дејствата во главната реченица. Поради тоа овие реченици се викаат допусни зависносложени реченици.

Сврзнички зборови со кои овој вид реченици се сврзуваат со главната реченица се: ИАКО; ПОКРАЈ ТОА ШТО; МАКАР ШТО; ПРИ СЕ ШТО Правописни правила се откриваат од примерите.Кога се во инверзија редовно се пишува запирка, а во правилен реченичен ред обично се пишува запирка.

Наставно ливче

1.Пронајди ги допусните реченици: Коста го отвори долапчето и седна да јаде, иако не беше гладен.Мислата го мачеше и не му се јадеше. Неколку пати се готвеше да каже нешто, ама не се решаваше, макар што маката го мачеше да направи нешто за својата болна мајка. -

се изработува вежбата од учебникот на страна 37 и паралено се одговара на прашањата што се поврзани со овој вид реченици.

Активности за работа по предметот Македонски јазик за 9то одделение за периодот од 17 до 20 Март,2020 год.

 1.Изработка на Проектот за заависносложени реченици со вметнување на Условните зависносложени реченици(за потсетување работете на лист А4 формат,и следете ја табелата,а на задната страна продолжете со реден бр.5 Р.бр. Вид зависн.слож.реч Сврзници Интерпунција Примери за зависнослож.реченици 1. 2. 3. 4.

2.Самостојна анализа на извадокот „Гордиот Пим“ од Едгар Алан По

3.Писмена вежба; Тема: „Една моја авантура “ Форма: раскажување Изработките учениците да ги испраќаат на e-mail: ppveda@freemail.com.mk