Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 8- МО ОДД. НАСТАВНИК: ВИОЛЕТА ХРИСТОСКА

 Драги ученици добар ден,се надевам дека сте задоволни од тоа како ја изработивте писмената работа. Ве молам немој да ме прашувате како сум ја оценила, бидејќи само да ја префрлам од месимџер во вашите папки ми треба време, згора на тоа од слики тешко е да се чита и оценува. кога ќе ги прегледам на оваа страница ќе ви ги пишам оцените. Час: 12 7.4.2020 г. Литература: Монолог интерпретација на драмските текстови: „Да бидеш или да не бидеш“ В. Шекспир ( извадок од драмата „ Хамлет“), „Сид“ Пјер Корнеј Цели и исходи на часот Од ученикот се очекува да: Да ги препознава карактеристиките на драмскиот текст Да знае што е монолог, Да умее изразно да прочита срамски текст. Да се потсетиме: Што треба да содржи еден драмски текст? Одговорете ги следниве прашања во вашите тетратки. 1. Што е драма? 2. Кои се белези на драмски текст? 3. Наброј ги надворешните белези на драмскиот текст. 4. Што е кулминација? 5. Објасни ја разликата меѓу монолог и дијалог. Одговорете на прашањата. Ако не знаете одговор на некое од нив побарајте во вашиот учебник од стр.73-83. Со завршувањето на оваа задача на некој начин покажувате дека сте ги усвоиле новите содржини. Задолжение: Прочитајте ги на глас по двапати сите извадоци од драмски текстови кои ги има во вашиот учебник од стр 73-83. Размислете кои елењменти на драмски текст го поседуваат, каде има монолог, а каде дијалог. Од сите паралелки учениците со реден број: 4, 7, 11, 14 ако имате можност снимајте го вашиот глас при читањето на еден драмски текст, од учебникот, по ваш избор и пратете ми ја снимката. Останете дома, бидете здрави , насмеани, весели, исполнувајте ги обврските.

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 8- МО ОДД. НАСТАВНИК: ВИОЛЕТА ХРИСТОСКА

 Драги ученици добар ден,се надевам дека сте подготвени успешно да ја изработите писмената работа...

Час: 11 6.4.2020 г.

Изразување и творење: Втора писмена работа

Цели и исходи на часот Од ученикот се очекува да: Да умее писмено да се изразува на дадена тема, Да е оспособен да ги применува стекнатите знаења од јазик ; Да умее да изнесе личен став на дадена тема.

Да се потсетиме Што треба да содржи една писмена работа: 1. Секоја писмена работа треба да содржи: воведен , главен и завршен дел. - во воведниот дел треба да нѐ запознаете со темата, предметот на обработка. - во главниот дел се разработува темата, се разработуваат примери, се прави споредба... - во завршниот дел го изнесувате личниот став за темата и ја изнесувате идејата во вид на порака. 2. Писмената работа треба да биде напишана со јасни реченици, стилски збогатени. мислата да биде јасна. На креативен начин да умеете да го задржите вниманието на читателот. Речениците да бидат организирани најмалку во три пасуси. 3. Внимавајте на правописните правила, (употребата на голема буква, потсетете се за пишувањето на акцентските целости, глаголскиот прилог,..). 4. Зборовите кои се во темата која ќе ви ја дадам се клучни зборови и треба да ги разработите. Веќе знаете дека на месинџер се договоривме за времето на реализација. секоја паралелка во времето кое го одбра нека биде приклучена на месинџер, каде јас ќе ви ја дадам темата. Потоа вие пишувате и по еден час ми ја испраќате писмената, Би ве замолила оние кои можете пишувајте ја во ворд и до сите подобро е да ми ги испратите вашите изработки на имеил vikihr@t.mk . Ви посакувам успешна работа.

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 8- МО ОДД. НАСТАВНИК: ВИОЛЕТА ХРИСТОСКА

Драги ученици добар ден,утре ќе правиме писмена работа, ова не е априли ли..

Час: 10 1.4.2020 г. Изразување и творење: Подготовка за писмена работа Цели и исходи на часот Од ученикот се очекува да: Да умее писмено да се изразува на дадена тема, Да е оспособен да ги применува стекнатите знаења од јазик ; Да умее да изнесе личен став на дадена тема. Да се потсетиме

Што треба да содржи една писмена работа: 1. Секоја писмена работа треба да содржи: воведен , главен и завршен дел. - во воведниот дел треба да нѐ запознаете со темата, предметот на обработка. - во главниот дел се разработува темата, се разработуваат примери, се прави споредба... - во завршниот дел го изнесувате личниот став за темата и ја изнесувате идејата во вид на порака.

2. Писмената работа треба да биде напишана со јасни реченици, стилски збогатени. мислата да биде јасна. На креативен начин да умеете да го задржите вниманието на читателот. Речениците да бидат организирани најмалку во три пасуси.

3. Внимавајте на правописните правила, (употребата на голема буква, потсетете се за пишувањето на акцентските целости, глаголскиот прилог,..).

4. Зборовите кои се во темата која ќе ви ја дадам се клучни зборови и треба да ги разработите. Веќе знаете дека втората писмена работа ни беше закажана, но со вонресната состојба не ја реализиравме. Сега мора да го направиме тоа. Сигурно се прашувате како? Секое одделение во рамките на групата нека се договори за термин од еден час кога ќе треба да ја изработите. Што значи сите во тој момент да можете да се вклучите на месинџер (на пр. во 10 часот), тогаш јас во групата ќе ви ја дадам темата. Вие добивате време од еден час да пишувате, потоа ми ја праќате, оној што нема да прати во овој период ќе сметам дека не ја изработил и ќе биде негативно оценет. Вие одбирате како ќе ја работите писмената дали на компјутер како ворд документ или класично ќе пишувате на лист, кој подоцна ќе го сликате и ќе ми го пратите. Не заборавајте и на ворд документот и на листот треба да ги ставите вашите генералии, име, презиме, одд. дата. Во однос на темата нели се договаравме писмената работа да биде есеј во кој ќе се повикаме на „Дневникот на Ана Франк“ нејзиниот живот во скривницата, а што ни се случува нам денес? Како живееме, функционираме, што ни недостига, дали умееме да се придржуваме до правилата? Што ќе се случи ако сме неодговорни? Овие се само прашања на кои треба да размислувате за успешно да ја завршите задачата. Останува уште да го договориме денот кога ќе ја работиме четврток, петок, ако немате други тестови. Размислете, договорете се на ниво на одделение и пишете ми кој ден и во колку часот ќе може да ја работи вашето одд. тогаш јас како што погоре објаснив ќе ви ја дадам темата и време од еден час да пишувате и да ми ги испратите изработките.

Поздрав.

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 8- МО ОДД. НАСТАВНИК: ВИОЛЕТА ХРИСТОСКА

Драги ученици добар ден, очекував поголем дел од вас да ја изработат задачата и да ми ја испратат на имеил како што побарав, за жал тоа го направи само Елена Шаркоска , а Сара Лоџева изработи презентација за монолог- дијалог и Сандра Кукеска го прифати предизвикот и изработи презентација за разделните независносложени реченици.

Ве молам изработувајте ги задачите и кога барам од вас да ми ги пратите тоа е со некоја цел, а целта е дека ве следам во процесот на учење и дека сте вклучени, а воедно ќе имам и материјали за да ве оценам.

Разбудете се не сме на распуст! Час: 8 30.3.2020 г.

Јазик: Разделни независносложени реченици Цели и исходи на часот Од ученикот се очекува да: Да ги разликува разделните независносложените реченици, Да умее да создава разделни независносложени реченици

Секој од вас треба на едуино да го изгледа часот за овие реченици, односно на следниот линк https://youtu.be/LvgDiNYNBSc, паралелно додека го гледате часот во вашите тетратки по јазик ја препишувате содржината од презентацијата. На крајот од презентацијата добивте задача според илустрацијата да составите разделн независносложени реченици ... Изразработената задача пратете ми ја на мојот имеил vikihr@t.mk или на месинџер. за контакт ако нешто не ви е јасно може да ме побарате на тел: 071 83 25 25.

Самоевалвација: 1. Што ново научи? 2. Како се чувствуваше при ваков начин на учење? Успешна работа!

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 8- МО ОДД. НАСТАВНИК: ВИОЛЕТА ХРИСТОСКА

Драги ученици , добар ден, се надевам дека ја изгледавте и ви се допадна драмата „Бегалка “ од Васил Иљоски.

Денес добивате нова задача.

Час: 5 24.3.2020 г. Литература: Исказ на лик, дијалог – монолог

Цели и исходи на часот Од ученикот се очекува да: Да го препознава монологот и дијлогот во исказот на ликот. Се надевам дека одговоривте на поствените прашања поврзани со драма и драмски текст, ако не сте го направиле тоа отворете ги вашите учебници на стр.73 побарајте ги и препишете ги одговорите.

Денес требаше да работиме за исказ на лик , дијалог и монолог. Знам и верувам дека поголем дел од вас ова го знаете бидејќи го работевме и претходната учебна година, а за дијалог и монолог зборувавме како видови говор во филмот.

Да се потсетиме исказ на лик е тоа што ликот го говори, зборува во драмскиот текст. Вие изработете една т-табела во која ќе ги изнесете вашите знаења за монолог и дијалог. монолог дијалог

За потполнување на табелата може да го искористите учебникот каде има содржини за дијалог и монолог на стр.74 и 80, во табелата сместете т.ес. препишете и по еден пример за монолог и дијалог од драмата „Бегалка“.

Задача: Да го искористиме ова време за надградба на знаењата од општа култура , па во таа насока ве задолжувам да го изгледате првиот македонски игран филм „ Фросина“ . забележете која година е снимен кој го напишал сценариото, а кој е режисер. за да не ве „гушам“ со вакви филмови очекувам на месинџер ваши предлози , па од нив ќе одбереме некој интересен и современ филм.

Предизвик: Самото име ви кажува дека е предизвик се надевам дека некој ќе го прифати.

Предизвикот е: кој сака да одржи час во вакви вонредни услови. Вие сте деца на модерното време и можете да осмислите убав час, како презентација или ваша снимка... наставната содржина е од јазик за останатите видови независносложени реченици. заинтересираните нека ми пишат на месинџер. оние кои ќе ја изработат оваа активност ќе добиете оцена.

За денес толку ве поздравувам со - седи си дома.

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 8- МО ОДД. НАСТАВНИК: ВИОЛЕТА ХРИСТОСКА

Драги ученици , добар ден, се надевам дека одговоривте на поставените задачи од претходната седмица, ако не сте ги завршиле обврските направете го тоа сега.

Денес добивате ново задолжение кое се надевам дека ќе ви се допадне. Имено како наредна лектира ни е „Бегалка “ од Васил Иљоски ако прочепкате на yuo tobe ќе најдете театарски претстави од оваа драма изработени од различни театри.

Час: 5 23.3.2020 г. Литература: Драмски текст – карактеристики Цели и исходи на часот Од ученикот се очекува да: Да ги препознава карактеристиките на драмскиот текст Ајде да се потсетиме што знаеме за драмата како литературен род? По што препознаваме дека еден текст е драма? Тоа што можеме да го видиме кога ќе ја земеме драмската творба в раце ги нарековме како? - Надворешни белези на драмскиот текст. Кои надворешни белези ги препознавате? Откако ќе ја прочитаме драмата или изгледаме театарската претстава за што мпжеме да зборуваме? - За темата , идејата, етапите од развојот на дејството. Се надевам умеевте да дадете одговор на дел од овие прашања. Задача: На интернет ќе ја најдете драмата „ бегалка “ од Васил Иљоски , разгледајте ја и забележете кои елементи на драмски текст ги поседува. Потоа на you tobe изгледајте ја театарската претстава од кумановскиот театар. поканете ги и домашните да ви се приклучат Уживајт и насмејте се на згодите и незгодите во оваа театарска претстава. За денес толку ве поздравувам со - седи си дома.

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 8- МО ОДД. НАСТАВНИК: ВИОЛЕТА ХРИСТОСКА

Драги ученици , добар ден, денес продолжуваме со „работа“ мотив во извршување на поставените задачи нека ви биде „Дневникот на Ана Франк“,

Додека го обработувавме ве поттикнував да замислите живот во скривница, а сега се најдовме во слична ситуација . Ние имаме голема одговорност и треба да бидеме одговорни и совесни граѓани.

Задолженијата пои ги добивате се начин да учите самостојно, во едно можност да го потполнете корисно слободното време.

Час: 3 и 4 19-20.3.2020 г.

Јазик: Лектира бр:6 Цели и исходи на часот

Од ученикот се очекува да: : Да умее да прераскажува и да го определува видот на творбата Да умее да изработи анализа на содржината и структурата на лектирна творба.

Анализа на лектирна творба

I Белешка за авторот

II Фабула: 1. 2. 3. 4. 5.

III Тема:

IV Идеја:

V Главни и споредни ликови:

VI.Локализација: 1.по време: 2. по место:

VII Одбери еден настан од романот кој најмногу ти се допаднал и прераскажи го, потоа изнеси го личниот став зошто си го одбрал овој настан ( личниот став да биде изразен во најмалку 10 реченици).

VIII Изработи скелетен приказ на романот Скелетен приказ !.

Еден поим:(секој го пишува насловот на романот кој го добил за обработка) 2. Една реченица која го објаснува поимот 3. Слика 4: Боја:( давате објаснување зошто сте ја одбрале оваа боја) 5. Една фраза: 6.Еден збор : Скелетниот приказ изработете го на А4 формат кој ќе го приложите во вашите папки.

Мили мои ученици знам дека ви е тешко и многу збунувачки што и ние наставниците не сме многу координирани, но ајде да покажеме дека и во вакви ситуации можеме да функционираме. Јас смо се плашам дека толку ќе се осамосталите во процесот на самоучење, што ние наставниците ќе останеме без работа, ха, ха, ха... Ви посакувам успешна работа со еден нов поздрав- Остани дома.

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 8- МО ОДД. НАСТАВНИК: ВИОЛЕТА ХРИСТОСКА

Драги ученици и почитувани родители, се надевам дека најголемиот дел од вас сте во можност да ги следите постираните наставни содржини на интернет.

За да бидеме во тек со наставно-образовниот процес и да не пропуштиме многу од планираното, добивме препорака да организираме „дигитални“ наставни содржини.

Ве молам секое задолжение кое ќе го добиете да го препишете во соодветната тетратка , да означите дата и од денес пред секој наслов запишете го бројот на часот ( ќе видите во примерот), кога ќе почнеме со работа ќе го проверам сработеното. Оние ученици кои од оправдани причини или од неодговорно однесување нема да го сработат задолжението ќе бидат повикани подоцна на дополнителна настава.

Се надевам дека ќе уживата во исполнувањето на обврската, а јас ќе бидам задоволна и горда наставничка која ве оспособила сами да се надградувате. Топло ве поздравувам и ви посакувам успешна работа мои драги ученици.

Час: 1 17.3.2020 г. Јазик: Сложена реченица- Структура на сложена реченица Секој од вас треба да изработи ЗСУ табела за сложена реченица и нејзината структура, поттикнувачките прашања овој пат ќе ви бидат напишани и вие на кив ќе треба да дадете одговор. Знам Сакам да знам Учам - Што е синтакса? - Што е реченица? -Кои се главни реченични членови? - Зошто се главни реченични членови? - Кои зборови вршат функција на прирок? - Кои се второстепени, а кои неопходни реченични членови , зошто се така класифицирани? - Како се поделени речениците според составот? - Како се поделени според содржината?: - - Која реченица е сложена? - Од кои делови е составена? - Како се поделени сложените реченици? За да ја потполните колоната учам ќе го користите учебникот по македонски јазик стр.28, а може и е-учебници за 8 одд.по македонски јазик од други автори. Задача:

Препиши три сложени реченици од романот кој ви е зададен како лектира, и одбележи ги дел-речениците, прироците во нив.

Самоевалвација: 1. Што ново научи? 2. Како се чувствуваше при ваков начин на учење? Успешна работа!