Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК 6 ОДДЕЛЕНИЕ

1. На 18.03.2020 секој ученик да ја прочита и да направи самостојна анализа на песната „ За празникот на мојата мајка “ од Ненад Џамбазов ( стр. 207 во учебникот ), вклучувајќи и епитети.

2. На 19.03.2020 секој ученик да одговори на прашањата во врска со песната „ За празникотна мојата мајка “ од Ненад Џамбазов ( стр. 208 во учебникот ).

3. На 20.03. 2020 секој ученик да ги напише заменките на празните места во следните реченици. 1. Денес го купив ______________________ молив. 2. ______________ книга ја добив како награда. 3. Со _________________ шестар работам на час по геометрија. 4. ____________________ очила ги носела баб ми. 5. ____________________ јаболка се многу вкусни. 6. Со __________________ чанта се служам три години. 7. Денес ги купивме ___________________ круши. 4. На 20.03. 2020 секој ученик да ги подвлечи личните заменки во следниот текст.

Леси      

 Доцна вечерта јас се враќав дома. Токму да влезам низ вратата, кога гледам нешто како сенка ми се плетка во нозете. Се наведнав и што да видам: едно мало кученце обраснато со мали кафеави влакна. Го кренав и благо му шепнав: - Ти ќе бидеш мое! Ти си мое!       Тоа трепна со своите очиња, како да сакаше да ми рече: - Јас сум твое.       Не знаев како се вика и затоа му реков: - Јас ќе те викам Леси! Ти си Леси! Отсега ние ќе бидеме пријатели.       Тоа  се согласи трепкајќи со очињата и со јазичето и ми ја лизна раката. - Ти си гладно? - го прашав. - Прости ми, немам ништо за јадење, освен леб. А сув леб ти не можеш да јадеш. Ајде Леси, сега ќе спиеме, а утре, јас и ти ќе имаме богат појадок. 5. На 21-22.03.2020 секој ученик да напише по 10 реченици со подмет и прирок и да ги подвлечи (подметот со една линија, а прирокот со две линии)

Учениците сите свои изработки да ги испраќаат на е-mail : velikakaterina@yahoo.com

Ако учениците имаат нешто нејасно во врска со зададените вежби да ми пишат на истата адреса.