Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

ЗАПОЗНАВАЊЕ СО РЕЛИГИИТЕ за 6-то одд. Активности за учениците од 06.04.2020 до 10.04.2020 год Предметен наставник: Лидија Котеска

 Тема: Големите светски религии – поттема Ислам Ученици во наредните часови ќе ги обработуваме новите наставни содржини Петте столба на Исламот и Најважен муслимански празник и место за молитва. Наставна содржина: Петте столба на Исламот Цели: Ученикот/ученичката: - да стекне знаење за петте столба столба на Исламот - да се запознае со суштината на исламот како религија Очекувани резултати: Ученикот/ученичката: - ги набројува петте столба - должности на секој муслиман - го толкува значењето на столбовите како должности што секој муслиман треба да ги почитува Ученици, внимателно прочитајте за Петте столба на Исламот во учебникот на стр.86. Во текот на учењето посветете внимание на значењето што овие столбови го имаат за муслиманите во целиот свет. Тие се заеднички основни верувања – должности што секој муслиман треба да ги почитува. Тие се наречени пет столба на исламот бидејќи ја поддржуваат исламската вера исто како што столбовите во џамијата ја потпираат зградата. Прочитајте ја содржината а потоа обидете се: 1. да ги именувате столбовите на нивниот јазик (арапски) и со превод на македоски 2. за секој столб да дадете толкување (кратко објаснување на должноста) 3. да размислете за третиот столб – дали оваа должност е прифатлива и за христијаните Доколку нешто не е јасно или сакате дополнителни информации контактирајте ме на мојата електронска адреса k64.lidija@yahoo.com . или на meseenger. Одговорите на прашањата напишете ги во тетратка, сликајте ги и пратете ги на мојата електронска адреса k64.lidija@yahoo.com . или на meseenger. Можете да го гледате анимираниот филм How to do Umrah http://www.youtube.com/watch?v=42lGURPNmpc кој говори за правилата на однесување за време на аџилак. Наставна содржина: Најважен муслимански празник и место за молитва Цели: Ученикот/ученичката: - да стекне знаење за исламските празници - да го сфати значењето на џамијата за муслиманите Очекувани резултати: Ученикот/ученичката : - да го разбере значењето на најважниот празник во исламот - да ја толкува улогата на џамијата како место за молење - да развива чувство на почит кон начините на празнување и молење кај муслиманите Ученици, внимателно прочитајте за главниот муслимански празник и за молитвениот дом на муслиманите во учебникот на стр.87-88. Во текот на учењето посветете внимание на значењето на месецот Рамазан за муслиманите. Тие веруваат дека за време на овој месец Алах му ги кажувал зборовите на Мухамед а тој ги запишувал. Така настанал Коранот. На арапски јазик „бајрам“ значи празник, а „џамија“ место за собирање. Научете, размислете а потоа одговорете на прашањата: 1.Кој е главниот муслимански празник, кое е неговото значење за муслиманите, кога и како се слави? 2. Како се вика молитвениот дом за муслиманите, опиши ја внатрешноста, надворешниот изглед на џамијата и значењето муслиманските обичаи на миење на рацете, нозете, устата при влегувањето во џамија. Доколку сакате на http://mk.wikipedia.org . доволно е да го напишете зборот „Џамија“ и да погледнете слики од најпознатите џамии во светот. Доколку нешто не е јасно или сакате дополнителни информации контактирајте ме на мојата електронска адреса k64.lidija@yahoo.com . или на meseenger. Одговорите на прашањата напишете ги во тетратка, сликајте ги и пратете ги на мојата електронска адреса k64.lidija@yahoo.com . или на meseenger. Ученици, со овие содржини ја завршуваме поттемата Ислам. Наредните часови ќе имаме повторување за обработените наставни содржини од оваа поттема. Учете редовно, имате време да го надополните пропуштеното, да ме контактитате доколку сакате дополнителни објаснувања. Сите индивидуални одговори за Исламот ќе ги вреднувам и ќе бидат дел од бројчаната оценка за крајот на оваа учебна година.

 Активности за учениците од 6-3 Учениците да размислат и да одговорат на следните прашања:

1. Како се вика христијанската света книга, од колку делови е составена, кој дел раскажува за животот на Исус и неговото учење?

2. Како се нарекуваат првите четири книги на Новиот завет и кои следбеници на Исус ги напишале?

Наставна содржина: Христијански симболи

Цели: Ученикот/ученичката - да стекне знаење за симболите на христијанството - да ја разбере улогата на симболите во развојот на христијанството Очекувани резултати: Ученикот/ученичката : - набројува симболи во христијанстово - го толкува значењето на конкретни симболи во христијанството

Ученици, внимателно прочитајте за основните христијански симболи во учебникот на стр. 78 а потоа размислете и одговорете на следните прашања:

1. Зошто рибата била тајниот знак?

2. Нацртај ги симболите и објасни го нивното значење! Внимателно прочитајте, одговорете ги прашањата, сликајте ги одговорите и испратете ми ги на мојата електронска адреса k64.lidija@yahoo.com.

Наставна содржина: Првите христијански заедници

Цели: Ученикот/ученичката - ќе стекнат знаење за животот на христијаните во почетокот на ширењето на христијанството - ќе го сфатат значењето на првите христијански заедници

Очекувани резултати: Ученикот/ученичката : - го толкува начинот на ширење на христијанството - ја разбира улогата на црквата во христијанската религија

Ученици, внимателно прочитајте за првите христијански заедници во учебникот на стр. 79 а потоа размислете и одговорете на следните прашања:

1. Каде се појавиле првите христијански заедници?

2. Што се формирало со поврзувањето на христијанските заедници?

3. Каде се собирале христијаните за да го проповедаат своето учење?

4. Кога е прогласено христијанството за официјална религија?

5. Доколку претходно си посетил некоја црква, обиди се да ја опишеш нејзиниот внатрешен и надворешен изглед!

Активности за учениците 6-1 и 6-2 и 6-3

Ученици, ги завршивме наставните содржини за поттемата Христијанство.

Обидете се да проверите што сте научиле за Христијанството како монотеистичка религија..

Одговорете на следните прашања:

1. Кога и каде се појавува Христијанството и кој се смета за негов основач?

2. Раскажи накратко за симболиката на раѓањето на Исус во Витлеем!

3. Опиши го начинот на делување на Исус, како и на што ги учел луѓето! симболиката на исусовите чуда

4. Кои се основни симболи во Христијанството? Зошто?

5. Библијата е света книга во Христијанството? Раскажи за првите четири книги (евангелија)!

6. Објасни ја симболиката на Исусовото распетие, страдање, смрт и воскреснување!

Напиши состав за Христијанството како монотеистичка религија во кој ќе ги објасниш неговите најважни карактеристики.

Ученици, одговорите испратете ми ги на мојата електронска адреса k64.lidija@yahoo.com.

ЗАПОЗНАВАЊЕ СО РЕЛИГИИТЕ за 6 одд. Предметен наставник: Лидија Котеска

Активности за период од 11.03.2020 год. до 16.03.2020 год.

ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД 6- 3 Учениците да размислат и да одговорат на следните прашања:

1.Што им порачува Исус Христос на луѓето во својот говор?

2. Дали желбата за одмазда ги прави луѓето полоши или подобри? 3. Која е симболиката на Исусовите чуда? Нова наставна содржина: Распетието и воскреснувањето на Исус (планирана за 16.03.2020) год.

Цели: Ученикот/ученичката - да стекне знаење за начинот на кој Исус го завршил својот живот - да ја сфати симболиката на исусовата смрт, страдање, распнување, воскреснување

Очекувани резултати: Ученикот/ученичката е способен/способна да: - го сфати воскреснувањето на Исус како основа на христијанството како религија - ја толкува верата, надежта, љубовта како основни доблести на христијанството Ученици, размислете за христијанскиот празник Велигден и настаните поврзани со овој празник.

Внимателно прочитајте ја наставната содржина Распетието и воскреснувањето на Исус во учебникот на стр. 74. а потоа размислете и одговорете на следните прашања:

1. Кои биле непријатели на Исус и кој го предал?

2. Како го објаснуваш воскреснувањето на Исус? ( поврзи со зборовите на апостол Павле)

3. Кои се основните доблести (позитивни страни) на христијанството?

Наставна содржина: Света книга во Христијанството (планирана за 16.03.2020) Ученикот/ученичката: - ќе стекне знаење за Библијата како света книга - ќе го сфати значењето на библиските Евангелија

Очекувани резултати: Ученикот/ученичката е способен/способна да: - ја толкува Библијата како книга на правила според кои човекот треба да живее - формира позитивен став кон Библијата како извор на податоци за историјата на христијанството.

Ученици, внимателно прочитајте ја наставната содржина на стр. 76 во учебникот а потоа размислете и одговорете на следните прашања: 1. Како се вика христијанската света книга, од колку делови е составена, кој дел раскажува за животот на Исус и неговото учење? 2. Како се нарекуваат првите четири книги на Новиот завет и кои следбеници на Исус ги напишале?

Внимателно прочитајте, одговорете ги прашањата, сликајте ги одговорите и испратете ми ги на мојата електронска адреса k64.lidija@yahoo.com .

ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД 6- 1 и 6-2 Учениците да размислат и да одговорат на следните прашања:

1. Како се вика христијанската света книга, од колку делови е составена, кој дел раскажува за животот на Исус и неговото учење?

2. Како се нарекуваат првите четири книги на Новиот завет и кои следбеници на Исус ги напишале?

Наставна содржина: Христијански симболи (планирана за 12.03.2020) Цели: Ученикот/ученичката - да стекне знаење за симболите на христијанството - да ја разбере улогата на симболите во развојот на христијанството

Очекувани резултати: Ученикот/ученичката : - набројува симболи во христијанстово - го толкува значењето на конкретни симболи во христијанството

Ученици, внимателно прочитајте за основните христијански симболи во учебникот на стр. 78 а потоа размислете и одговорете на следните прашања: 1. Зошто рибата била тајниот знак? 2. Нацртај ги симболите и објасни го нивното значење!

Внимателно прочитајте, одговорете ги прашањата, сликајте ги одговорите и испратете ми ги на мојата електронска адреса k64.lidija@yahoo.com .

Наставна содржина: Првите христијански заедници (планирана за 12.03.2020)

Цели: Ученикот/ученичката - ќе стекнат знаење за животот на христијаните во почетокот на ширењето на христијанството - ќе го сфатат значењето на првите христијански заедници

Очекувани резултати: Ученикот/ученичката : - го толкува начинот на ширење на христијанството - ја разбира улогата на црквата во христијанската религија

Ученици, внимателно прочитајте за првите христијански заедници во учебникот на стр. 79 а потоа размислете и одговорете на следните прашања: 1. Каде се појавиле првите христијански заедници? 2. Што се формирало со поврзувањето на христијанските заедници? 3. Каде се собирале христијаните за да го проповедаат своето учење? 4. Кога е прогласено христијанството за официјална религија? 5. Доколку претходно си посетил некоја црква, обиди се да ја опишеш нејзиниот внатрешен и надворешен изглед! Внимателно прочитајте, одговорете ги прашањата, сликајте ги одговорите и испратете