Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Географија за 7 то одделение Активности за период од 30,03 2020година до 03,04 2020 година

 Час број 5 Нова наставна содржина ХИДРОЕНЕРГЕТСКИ ПОТЕНЦИЈАЛ И НАОЃАЛИШТА НА ЈАГЛЕН ВО МАКЕДОНИЈА Цели на часот се запознае со изворите на енергија (обновливи и необновливи); - го дефинира поимот хидроенергија; - се запознае со искористеноста на хидроенергетскиот потенцијал; - ги набројува и покажува на карта хидроелектраните во РМ; -се запознае со термоенегетските горива; - знае кој тип на јаглен е најексплоатиран; - ги покажува на карта наоѓалиштата на јаглен во РМ; - ги набројува и покажува на карта термоелектраните во РМ; - ги набројува термоелектраните и знае кој тип на гориво го користат; - го претставува обемот на производството на термоенергија и неговото учество во целокупното произ-водство на електрична енергија кај нас;

ХИДРОЕНЕРГЕТСКИ ПОТЕНЦИЈАЛ Главни енергетски извори се Водата, јагленот , нафтата , гасот, дрвото, атомските горива и друго. Во нашата држава засега се користат хидро и термоенергетскте потенцијали односно водата и јагленот. ХИДРОЕНЕРГИЈАТА се добива во хидроелектроцентралите , односно со искористување на силата на водата . Хидроенергетскот потенцијал во Мкедонија се проценува на оолу 6.5 милијарди kw/h. За да биди појасно едно семејство месечно одпплика троши околу 500 kw/h. Од овие 6.5 милијарди kw/h. се искористуваат околу 1.3 милијарди kw/h.

Цела оваа енергија се произведува во 15 хидроцентрали од кои најголеми се - БРУТОК, РАВЕН И ВРБЕН на мавровскиот хидроенергетски систем -ШПИЛЈЕ И ГЛОБОЧИЦА НА реката ЦРН ДРИМ - ТОКВЕШ НА ЦРНА РЕКА -КАЛИМАНСЦИ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА -МАТКА И КОЗЈАК НА РЕКАТА ТРЕСКА -ДОШНИЦА НА РЕКАТА ДОШНИЦА -ЛИПКОВО И ГЛАЖЊА НА ЛИПКОВСКА РЕКА На нашата најголема река Вардар нема направено хидроцентрали бидејки покрај нејзиното корите поминува железничка пруга и автопатот Е-75.

ДОМАШНА РАБОТА ----------- сите овие Хидроцентрали да ги пронајдите на картата на Македонија (значи барате вештачки езера, бидејки така таму се прават хидроцентрали) -------- исто така и во вашите неми карти треба да ги пронајдеете и да ми пратите повратни информации.

Прашањата на страна број 75 да ги одговоите.

НАОЃАЛИШТА И ПРОИЗВОДСТВО НА ЈАГЛЕН Термоенергија е енергија што се добива со искористување на силата на термоенергетскиот потенцијал на цврсти и течни горива. Во Македонија главен терноенергетски извор и ЈАГЛЕНОТ И ТИПОТ ЛИГНИТ. Овај јаглен го има на повеќе наоѓалишта во МАКЕДОНИЈА како што се -СУВОДОЛ, ГНЕОТИНО И БРОД во близина БИТОЛА -ОСЛОМЕЈ во близина на КИЧЕВО -РАТЕВСКИ ШИРИНИ во близина на БЕРОВО. - И локалитетот ПИСКУПШТИНА во близина на СТРУГА Во овие наоќалишта годишно се експлотираат односно се вадат околу 7 000 000 тони јаглен.

Нјзначајни термоелектрани во Мкедонија се -Битола 1 , 2 и 3 -Оаломеј во Кичево -термоелектраните се лоцирани одма во близина на самаите наоѓалишта. Во Македонија термоенергија се произведува и во термоелектраната Нготино , во која како извор на енергија се користи мазутот како течно гориво.

ДОМАШНА РАБОТА ----------- сите овие наогалишта на јаглен да ги пронајдите на картата на Македонија (значи барате знакче во картите два прекрстени чекани .рудници) Ги барате и термоцентралите во нивна близина -------- исто така и во вашите неми карти треба да ги пронајдеете И ДА РЕШИТЕ ТОА ШТО СЕ ПРЕДВИДУВА ЗА ОВАЈ ЧАС и да ми пратите повратни информации. Прашањата на страна број 77 да ги одговоите.

На страна број во вашите учебници имате карта за рудни наоќалишта во МАКЕДОНИЈА ЧАС БРОЈ 6 иЗРАБОТИКИ НА УЧЕНИЦИ СЕКОЈ УЧЕНИК ИМА ЗА ЗАДАЧА ДА ИСТРАЖИ КОИ ДРУГИ АЛТЕРНАТИВНИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ГИ ИМА ВО МАКЕДОНИЈА , КАКО И ДАЛИ СЕ ТИЕ ДОВОЛНО ИСКОРИСТЕНИ. КАКО НАСОКА ЗА ДРУГИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ИМАТЕ ВО УЧЕБНИКОТ НА СТРАНА БРОЈ 78 И 79 Изработките да ми ги испрајќате на MAIL renata.kostovska88@gmail.com

Исто така за се што не ВИ е јасно можите да ме контактирате ВАШИОТ НАСТАВНИК РЕНАТА КОСТОВСКА

Географија за 9 то одделение Активности за период од 30.03 2020 до 03.04 2020 година. Час број 5 и час број 6

 Презентација на проекти Во овие два часа имавме презентација на проекти.

Учениците од 9 одделение во текот на оваа недела на маил адреса која ја имате надолу во текстот да ми ги испратите сите во електронска форма проектите кои ви беа зададени во периодот додека бевме на настава.

Потенцирам сите ученици да ми испратат бидејќи треба да добиете оцена. Изработките да ми ги испрајќате на MAIL renata.kostovska88@gmail.com Исто така за се што не ВИ е јасно можите да ме контактирате ВАШИОТ НАСТАВНИК РЕНАТА КОСТОВСКА

Географија за 9 то одделение Активности за период од 19.03 до 27.03 2020 година.

 Час број 3 Нова наставна Соджина Хидрографија на Америка

Цели на часот/ - да стекне претстава за хидрографијата и хидроенергетскиот потенцијал на Северна и Јужна Америка; - да се оспособи да ги пронаоѓа на географската карта реките и езерата во Северна и Јужна Америка; - да стекнува знаења за одделните сливни подрачна и најголемите реки во истите; - да стекнува сознанија за поголемите езера во Северна Америка.

Хидрографија на Северна Америка Реките во Северна Америка се влеваат во 3 истечни сливни подрачја и тоа :

1. Северен Леден Океан

2.Атлански Океан

3.Тихи Океан Има и помали териотории на Кордилјерите во кои има внатрешни неистечни сливови.

Најголем број од реките во Северна Америка извираат од планионскиот венец на Кордилјерите и на дел од Апалачките планини.

Реки кои се влеваат во 3 сливни подрачја поединечно се. СЕВЕРЕН ЛЕДЕН ОКЕАН ТИХИ ОКЕАН АТЛАНСКИ ОКЕАН Река Мекензи Река Јукон Мисисипи со Мисури Река Нелсон Река Колумбија Рио Гранде Река Колорадо Охајо овие 3 во Мексикански залив се влеваат Река Сент Лоренс

Напишаниве реки да се најдат на Атлас и да се заокружат. Во Северна Америка има и голем број на езера . Најпознати и најзначајни се Горно, Мичиген, Хјурон, Ири, Онтарио истите се меѓусебно поврзани и зафаќаат површина од 250 000км2. Меѓу зерата Ири и Онтарио на реката нијагара се најдуваат едни од најубавите водопади во светотот Нијагарини водопади. За големите езера во Америка имате на страна број 76 во учебникот. Други поголеми и позначајни езера се Мечкиното, Големото Ропско Езеро Атабарското , Винипег и други. Исто како и реките така и езерата да се најдат на географски атлас и да се заокружат. Хидрографија на Јужна Америка Реките во Северна Америка се влеваат во 2 истечни сливни подрачја и тоа Слив на Атласки и слива на Тихи Океан. Мал дел од територијата припаѓа на неитечно подрачје. Поради тоа што Андите се протегаат блиску до самиот брег на Тихиот Океан, реките кои извираат од Андите многу брзо се спуштаат и опдма се велеваат во Тихиот океан.Поради тоа има голем број на реки , но изтите се мали ,кратки и брзи.

Во сливното подрачје на Атланскиот Океан течат и влеваат поголеми реки.: Ориноко, Амазон , Токантинс, Сан Гранциско , Парана и други. Овие реки да се пронајдат на Атлас. Во овај континет се наоѓа најголемата река во светот а тоа реката Амазон / Реката АМАЗОН Е најголема река во светот со површина на сливно подрачје од 7.2 милиони км2, долга е 6400 км и извира од надморска височина од Андите на околу 5000м.н.в. Ширината на реката е околѕ 20км, додека при утоката во Атланскиот Океан ширината достигнува околу 80км и поради недогледот од едниот до другиот брег реката се нарекува РЕКА-МОРЕ. Реката има повеќе од 500 притоки.

ЗАДАЧА... УЧЕНИЦИТЕ САМИ ДА ГИ ПРОНАЈДАТ ПОГОЛЕМИТЕ ПРИТОКИ НА АМАЗОН. Реката ПАРАНА извира од Бразилската висорамнина, должината и е 4700км, и сливно подрачје од околу 3 милиони км2 Во Јужна Америка нема многу езера, најпознато езеро е ТИТИКАКА кое се наога на АНДИТЕ и тоа е глацијално езеро.

ДОМАШНА РАБОТА. Да се поплнат немите карти за хидрографија на Јужна и Северна Америка. И да се одговорат прашањата на страна број 55 за Северна Америка и на страна број 65 за Јужна Америка

Час број 4 Природни богатства и стопанство Истажување од страна учениците

Секој ученик има за задача да истражи со какви природни богатства располагаат континентите на Северна и Јужна Америка.. и какво им е стопанството.

. Посебен освРт да се обрни на стопанството на САД , КАКО НАСОКИ ИМАТЕ НА СТРАНА БРОЈ 73 И стопанство на КАНАДА НАстрана број 75 во учебникот. Изработките да ми ги испрајќате на MAIL renata.kostovska88@gmail.com Исто така за се што не ВИ е јасно можите да ме контактирате ВАШИОТ НАСТАВНИК РЕНАТА КОСТОВСКА

Географија за 7мо одделение

 Активности за период од 11.02 до 18 .03 2020 година час бр 1

Нова наставна содржина Шумарство,лов и риболов

Цели на часот - го дефинира шумарството како стопанска гранка; - стекнува знаења за шумскиот фонд и неговата структура во РМ; - демонстрира за шумските комплекси и нивната разместеност на територијата на РМ; - знае што се лови, и какво значење има ловот во РМ; - ги набројува позначајните риболовни подрачја во РМ; - укажува на значењето на шумарството Во Македонија шумите зафаќаат површина од 950 000- хектари од кои 800 000 хектари се листопадни, 100 000 се зимзелени , а остатокот се мешани шуми. Од нив 70% се нискостеблести додека 30% се високостеблести. листопадни шуми се даб,бука, јасен, врба,леска ,бреза и др. Зимземени шуми се бор,ела ,смрека и други. Најзачувани високостеблести шумски комплекси има на планините -- Шар Планина, Стогово,Бистра,Ниџе, Кожув, Бигла, Мокра и др. Во шумите се срекаваат и голем број шумски плодови како што се малинки, капинки , шипинки јагоди и разни треви за чаеви. Шумите се живеалишта на колем број на животни. Учениците сами да пребараат 1. кои се ѕверови кои ги има во нашата држава. 2.каои се тревопасни Кои се птици Риболов Во водените средини во Македонија пристни се голем број на риби. најпознати се - Плапицата и крапот во Дојранскито езеро, охридската пастрмка и јагулата во Охридското езеро, писата и крапот во Преспанското езеро, сомот и калифорниската пастрмка во вештачките езера и рибниците. Во Македонија има повеке рибници, најпознати и најголеми се - Риниците на Вардар кај селата Удово и Вруток, Извор и Пешна на реката Треска ,Игри кај Битола, Долненеи во Прилеп и други Во Мкедонија годишно се ловат околу 2 000 000 кг риби За домашна работа уцениците да ги одворорат прашањата во учебникот на страна број 73, и да го пополнат немите карти за соодветната наставна содржина

ЧАС БРОЈ 2 - Повторување за (Сточарство и сточен фонд и шумарство, лов и риболов)

Цели на часот - го дефинира сточарството и сточарските гранки; - ги за условите за развој на сточарството во РМ; - споредува застапеност на сточниот фонд од различните сточарски гранки; - презентира каде е застапено, со колкав фонд и со какви раси се одликува овчарството кај нас; - ги набројува и клацифицира различните раси, во рамките на сточниот фонд во РМ; - го презентира фондот на живина и свињи со кој располага РМ, и местата каде се зајзастапени; - да укажува на значењето на сточарството во РМ и воопшто за човекот; - го дефинира шумарството како стопанска гранка; - ја објаснува застапеноста на шумскиот фонд и неговата структура во РМ; - демонстрира за шумските комплекси и нивната разместеност на територијата на РМ; - знае што се лови, и какво значење има ловот во РМ; - ги набројува позначајните риболовни подрачја во РМ; - укажува на значењето на шумарството

Учениците за подобро совладување на материјалот од примарните дејности во своите тетратки да ги одговорат на прашањата на страна број 96 во учебникот..

Прашањата кои треба да се одговорат се од прашање број

Географија за 9то одделение

Активности за период од 11.02 до 18 .03 2020 година час бр 1

Нова наставна содржина Растителен и животински свет во Америка

Цели на часот - -да се оспособи на карта да ја покажува распространетоста на растителниот свет; -да се запознае со посебните растителни заедници во Јужна и Северна Америка -да се запознае со специфичностите на животинскиот свет во Јужна и Северна Америка.

Растителен свет во Северна Америка

Растителниот свет во Северна Америка се менува од север кон југ. растителниот свет се менува спореф климатските типови. На крајните северни делови во поларните области има ТУНДРИ (растителни заедни претставени со мовови и лишаи). Јужно од нив се застапени ТАЈГИТЕ (големи пространства од листопадни и иглолосни шуми).Нив ги има во делови од Канада, на карпестите и Апалацките планини. Во низините има тревни области нарецени Перии. Во деловите каде има тропска и сутропска клима карактеристични се тропските култури.( кафе,какоа,банани,тутун и друго ) Карактеристично дрво за Северна Америка е СЕКВОЈА која може да живее до 2200 години и да достигни висина над 100м Животински свет во Северна Америка Во Северна Америка има голем број на различни видови на животни.Од тревопасните животни најкарактеристични се бизон,лосос,срна дива свиња, додека од месојадните мечка,којот,волк и друго. Во полоарните области поларна мечка ,поларен зајак.лисица и друго Растителен свет во Јужна Америка Климатските фактори во Јужна Америка условиле да има голем број на различни видови на растителен свет. Во екваторскиот појас има густи непроодни шуми кои во Ј.Америка се нарекуваат СЕЛВАСИ. Северно и јужно од екваторскиот појас има густи треви .На север по течението на реката Ориноко се нарекуваат ЉАНОСИ, додека кај Бразилската висорамнина се нарекуваат КАМПОСИ. Надолниот тек кај реката Парана се јавуваат степи кои во Ј.Америка се нарекуваат ПАМПАСИ. Животински свет во ЈУЖНА АМЕРИКА На овај континент има голем број на различни видови од кои најкарактеристични се мравојадот и ламата. Во Амазонија има мајмуни,папгали и голрм број на инсекти. Од зверовие присутни се мечка,јагуар, пума и чакалот На интернет можите да ги напишите имињата на сите растителни заедници..и сите животински видови и можете да виде како истите изгледаат и нивната распространетост.

за повторување на наставана содржина одговоретеги прашањата на страна број 57 за Северна Америка и на страна број 67 за Јужна Америка

За домашна работа да се пополната немите карти за соодветната наставна содржина Час број 2 Цртање на карти

Секој ученик треба да нацрта поединечна карта на Северна и Јужна Анерика како што ви е претставено на слика во учебникот на страна број 56 за Северна и на страна број 66 за Јужна Америка. Кртата треба да се обои со различни бои исто како сликите ...секоја боја претставувава разлиочна вегетација на континентот. работете според легендата ...на боите