Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Биологија за VII одделение – Активности за период од 09.03-15.03 НАСТАВНА СОДРЖИНА : Дифузијата е важна за растенијата

 учебник стр. 54,55

ЦЕЛИ: Опишува како теоријата на честичките на материјата може да се користи за да се објаснат цврсти, течни и гасовити тела, вклучувајќи транспарација,транспорт на вода и дифузија на кислород и јаглерод диоксид. Опишува апсорпција на вода и транспорт на минерални материи и дава прецизни заклучоци за важноста на процесот на дифузија.

Може да се користат следните линкови : ЛИНК 1 http://www.bbc.co.uk/education/guides/zxtcwmn/revision/2 ( градба на напречен пресек на лист ) ЛИНК 2 https://www.google.com/search?q=naprcen+presek+na+list&sxsrf=ALeKk02T6gZC_w-hbMH2USKYEBaVT4fJ7Q:1584390101265&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=2ahUKEwjdpq-J6Z_oAhXspYsKHdZ6DuUQ_AUoAXoECAgQAw#imgrc=ayVG7WQ6Wd8RLM (напречен пресек на лист ) ЛИНК 3 https://www.youtube.com/watch?v=pFaBpVoQD4E (анимација за фотосинтеза и дифузијата на гасови преку стомите и воздушните простори )

Од претходните часови ја научивме равенката за фотосинтеза и значењето на фотосинтезата како процес за живите организми.

Дефинирајќи ги сите продукти и реактанти при процесот како и неопходни фактори при фотосинтезата може да заклучиме : фотосинтезата се случува во зелените делови на растенијата ,особено во листот кој е главен “ виновник” не само за фотосинтеза туки и за други функции кои се важни за растенијата ( транспирација, дишење ).

Прашањето е : Како едно растение го добива јаглеродниот диоксид кој му е потребен за фотосинтеза во неговит клетки. Што се случува со кислородот што го произведува? -Јаглерод диоксиод едно растение добива од воздухот што го издишуваат живите организми вклучувајќи го и човекот преку стомите, а кислород како производ при процесот на фотосинтеза го користат сите живи организми дишење. (линк 1 и линк 2) Може да се забележи дека главен дел низ кој што се врши главната размена на гасови се СТОМИТЕ И ВОЗДУШНИТЕ ПРОСТОРИ во сунѓерестиот слој на клетките збогатен со многу меѓуклеточни простори. Гасовите во клетките можат да влезат преку клеточните ѕидови и клеточните мембрани , но не и преку восочниот слој на листот тоа најгорниот слој кој врши заштита на листот. (линк 2)

Може да следат прашања и тоа : Од каде клетките на лисјата добиваат јаглерод диоксид? Која патека може да ја користи јаглеродниот диоксид за да стигне до клетките на листот? Како клетките на листот се ослободуваат од кислородот? Која патека може да ја користи кислородот за да излезе од клетките на листот? (линк 3) Стомите се посебни отвори во епидермисот на листот што дозволуваат гасовите да влегуваат и излегуваат. Тие се отвараат и се затвораат за да го сменат количеството на гас што влегува или излегува од растението во зависнот од тоа колку фотосинтеза се врши. Воздушните простори во сунѓерестиот дел од листот овозможуваат гасовите да влегуваат и да излегуваат од клетките лесно со дифузија, односно дозволуваат гасовите да дифундираат кон сите други клетки . Јаглерод диоксидот и кислород влегуваат и излегуваат преку стомите,односно гасовите се движат кон и надвор од листот со дифузија. Како водата стигнува во растенијата?

Потсетете се на претходно ученото за тоа зошто на растението му е потребна вода и фактот дека корените имаат голема површина поради бројните клетки на кореновото влакно при што водените честици постојано се раствораат во нив. Дифузијата како процес освен за гасови , растенијата ја користат и при течности кога станува збор за пренесување на вода и минерални материи низ сите делови од ратението. Потребата за вода на едно растение можи да се докажи со едноставен експеримет и тоа : -Ако се земи сунѓер кој бил потопен во вода и објаснувајќи дека ова е како клеточниот ѕид на сите растителни клетки. Што би се случило ако истиот биде оставен во училницата неколку дена? Зошто? -Водата од почвата преку кореновите влакненца од коренот, стеблото па се до листот и цветот се пренесува со заедно со минералните материи низ растениете односно преку клеточните ѕидови и клеточните мембрани на растетилните клетки се врши размената , односно процес на дифузија.Недостигот на вода кај растенијата, т.е во растителните клетки ке доведе до венеење на растението.

Заклучок : гасовите се шират кон и надвор од растителните клетки.

ДОМАШНА РАБОТА : Активност 2.5 B учебник стр.55 Каде се наоѓаат стомите ?- направете го експериментот доста лесен и едноставен за правење во домашни услови.

Одговорете на прашањата од А1 до А4 според експериметот . Консултации и информации на маил mircheskah@gmail.com