Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Материјали за учениците ОД 7 одделение за времески период од 19.03.2020 до 30.03.2020 година

Час 1:Самостојни феудални валдетели во Македонија во 13 век Учениците да го разберат процесот на самостојно владеење на македонските феудали владетели Добромир Хриз, Стрез, Алексеј Слав

План на содржината: 1.Македонското кенежество на Добромир Хрс-задача разработи го текстот во учебникот Задача:Одговори на прашањето.Кога се осамостоил кнезот Добромир Хрс, во кој области владеел,како завршува историјата на неговото кнежевство? 2.Македонското кнежевство на Стрез-разработи го текстот во учебникот Задача:Каде се наоѓала престолнината на кнезот Стрез и со кој областо владеел? 3.Кнежевството на Алексиј Слав-разработи го текстот во учебникот

Задача:Што можете да кажете за кнежевството на Алексиј Слав: Сработете се во своите тетратки,сликајте и пратете ми на email. -

Час 2: Самостојни феудални држави во 14 век Од учениците се очекува да знаат: Учениците да ја сфатат положбата на Макаедонците под туѓинска власт( византиска и српска); да знаат за создавањето на Прилепското Макаедонско кралство и Серската држава и државата ја Константин и Јован Драгаш План на содржината: 1.Серска држава-разработи го текстот во учебникот Задача:Опиши во развојот на Серската држава во 3 реченици. 2.Прилепско кралство-разработи го текстот во учебникот

Задача:Опиши го издигнувањето на Прилепското кралство 3.Државата на Јован и Константин Драгаш-разработи го текстот во учебникот Задача:Кој територии ги зафаќала државата на Јован и Константин Драгаш Напишете ги одговорите во своите тетратки,сликајте ги и испратете ми ги на e-mail.

Час 3. Повторување на содржините Од учениците се очекува: Да се провери и утврди дали учениците знаат да ги набројуваат самостојните владетели во Македонија во XIII и XIV век, дали знаат го опишуваат процесот на создавње на овие држави , дали знаат да ги лоцираат границите на овие држави, дали знаат да ги опишуваат најважните настани, појави и процеси којшто се случувале кај овие средновековни држави и дали знаат да ја толкуваат положбата на Македонците под туѓинска власт Задачи на часот:Изработете гроздови во вашите тетратки за Самоистојните владетели во Македонија во 13 век

Изгледајте го следниот филм на yutube каналот:МАКЕДОНИЈА НИЗ ИСТОРИЈАТА 3 - МАКЕДОНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА ВОЛКАШИН И УГЛЕША,потоа напишете краток состав во вашите тетратки за тоа што запамтивте,сликајте и пратете ми на email.

Час 4:Потпаѓање на Македонија под османлиска власт Од учениците се очекува да знаат за: Маричката битка и последиците за Македонија од истата; да ја разберат улогата на Крал Марко како заштитник на македонското население и вазал на османлиите, да знаат за биткатака кај Ровине и целосното потпаѓање на Македонија по одмалнлиска власт

Задачи на часот:Разработи ја содржината од учебникот. Одговори на следното прашање во својата тетратка:Што направил Кралот Марко за да заштити својата држава? Прочитај некој епска песна за Кралот Марко. Изгледај го следниот документарен филм на каналот yutube.Македонија низ антиката - Македонија во времето на Кралот Марко и браќата Дејанови (Епизода 20),напиши краток состав за тоа што запомни,сликај и испрати ми го на email сработеното. Ви посакувам успешна работа!

Напомена: Доколку нешто не е јасно слободно можете да ме контактирате на е- mail:dejan_angeleski1983@yahoo.com. Вашиот наставник по Историја

Материјали за учење за учениците од 9-1 одд за временски период од 18.03.2020 до 30.03.2020 год.

 Час 1. Положбата на Македонците во Бугарија 1941-1944 год. Од учениците се очекува да знаат за з положбата на Македонците во Бугарија, да знаат за националноослободителните стремежи на Македонците и нивната ослободителна борба

План на содржината: 1.Антифашистичкиот отпор 1941-1942 година. БРП-иницијатор и организатор на отпорот 2.Антифашистичкиот отпор 1943-1944 година -омасововување на движењето на отпорот -формирање на 4-та востаничко оперативна зона во 1944 година Идеја за обединување на Пиринскиот со Вардарскиот дел на Македонија по одржувањето на 1 Заседание на АСНОМ

Задача:Разработи ја содржината од учебникот на страна 108 и 109, одговори во својата тетратка на прашањата на страна 109. Задача; Истражи за учеството на Македонците во оружената борба во Пиринска Македонија и напиши состав од клучни зборови за содржината. Клучни зборови: БКП, Народнослободителни одреди , Четврта востаничка оперативна зона

Час 2. Положбата на Македонците во Грција1941-1944 Од учениците се очекува да знаат за: положбата на Македонците под окупаторскиот систем, да знаат за начините на отпор и за организираната националноослободителна борба на Македонците , да знаат за учевството на Македонците во заедничката антифашистичка борба со грчкиот народ

План на часот: План на часот: 1.Македонците во периодот на Метксасовата диктатура-еден од најтешките периоди за Македонсците од Егејска Македонија 2.Македонците во периодот на Грчо-италјанската војна-не учевствувале 3.Македонците во периодот на Втората светска војна-учество од страната на КПГ 4.Афирмација на македонските културни вредности

Задача:Разработи ја содржината во учебникот на страна110 и 111. Одговори во својата тетратка на прашањата на страна 112. Истражи за Положбата на македонското населени во времето на Јоанис Метаксас.

Час 3: Повторување за Положбата на Македонците во Бугарија и Грција 1941-1944 Од учениците се очекува : Да се повтори и утврди степеност на усвоеност на знаењата на учениците за тоа колку знаат за положбата на Македонците во Бугарија, дали знаат за националноослободителните стремежи на Македонците и нивната ослободителна борба, дали знаат за положбата на Македонците под окупаторскиот систем, дали знаат за начините на отпор и за организираната националноослободителна борба на Македонците , дали знаат за учевството на Македонците во заедничаката антифашистичка борба со грчкиот народ

Задачи на учениците: Изработи венов дијаграм за Положбата на Македонците во Грција и Бугарија 1941-1944 година Напиши краток состав за Положбата на Македоците во Грција 1941-1944 година Час 4: Создавање на македонската држава

Од учениците се очекува: да знаат за подготовките за свикување на Првото заседание на АСНОМ, да знаат за одлуките донесени на Првото заседание на АСНОМ, да знаат за односот на меѓународната јавност кон создавањето на македонската држава

План на содржината:1.Улогата на народноослободителните одбори како органи на народната власт. 2.Првото заседание на АСНОМ и неговите одлуки-02.08.1944 год. 3.Конституирње на македонската држава Задача:Проследи ја презентацијата за Создавање на македонската држава на образовната платформа:www.eduino.gov.mk

Задача:Одговори ги прашањата во својата тетратка на страна 116 од учебникот . Напомена :Се што работите сликајте и испратете ми на е-маил.

Напомена:Доколку нешто не е јасно слободно можете да ме контактирате на e-mail: dejan_angeleski1983@yahoo.com, Вашиот наставник по Историја Дејан Ангелески

Материјали за 6 одд одд. за временски период од 19.03.2020 до 30.03.2020 година

 1 час:Наставна содржина:Римската култура Од учениците се очекува да се запознаат со културните вредности на римската држава( книжевност, наука, уметност, религија, градежништво

План на содржина

1.Создавање на римската култура

2. Религија кај Старите Римјани - многубошци, врховен бог Марс

3. Книжевност и ораторство - најпознат поет Вергилиј а писател на комедии Плаут - најпознат говорник Кикерон

4. Градежништво, вајарство и сликарство - најпознати градби Форумот, Колосеумот и Пантеонот

Развој на вајарството и сликарството Исто така проследетеја видео презентацијата за Римската култура на образовната платформа www.eduino.gov.mk

Задача: Задача:Разработи ја содржината од учебникот ,разгледај ги и анализирај ги сликите

. Пребарај на Википедија дополнителни податоциза римското градежништво и прочитај ги Прилог: Наставен лист Задача: Препиши ги и одговори во твојата тетратка зададените прашања: 1. Под чие влијание се развила римската култура?

2. 2. Кој бил најпознатиот римски говорник?

3. Наброј неколку римски богови .

2 час:Појавата на христтијанството Од учениците се очекува да знаат за појавата и ширењето на христијанството во римската држава , односот на државата кон христијаните и прифаќањето на христијанството за државна религија

Задачи за учениците: Разработи ја содржината, разгледај ги и анализирај сликите, поврзи предзнаења со Запознавање и и етика на религиите.

Изработи ЗСН табела за христијанството ЗНАМ Сакам да знам Научив Пребарај дополнителни податоци за Исус и по можност изгледај филм за Христијанството на yutube.

Час 3.Повторување изучените содржини Задачи за учениците: 1.Изработи грозд за Римската култура

2.Изработи грозд за Појавата на христијанството

3.Направи споредба меѓу хеленската и римската Култура

Час 4 Утврдување на постигањата на учениците-Писмена проверка Ученици,решете го тестот во вашите тетратки сикајте и се што имате сработено пратете ми на e-mail.

Напомена:Доколку нешто не е јасно слободно можете да ме контактирате на е-mail:dejan_angeleski1983@yahoo.com Вашиот наставник по Историја

Материјали за учениците ОД 7 одделение за времески период од 11.03.2020 до 18.03.2020 година

 Час 1: Животот и културата кај Балканските земји до 14 век

Од учениците се очекува да знаат: за влијанието на Византија и словенската азбука врз развојот на балканската култура низ средниот век, ги набројуваат балканските книжевни центри и ицентри на уметноста во балканските држави во овој период и знаат за најзначајните балкански писатели во средниот век

План на содржината: 1.Бугарска култура- се развива под влијание на Византија -создавњето и улогата во развојот на бугарската култура на книжевните центрии школи во Бугарија 2.Српска култура- -значењето на Летописот на поп Дукљанин и српските книжевни центри за равојот на српската култура

Задача:Разработи ја содржината од учебникот ,разгледај ги и анализирај ги сликите.

Пребарај на Википедија дополнителни податоци и прочитај ги.

Задача: Работен лист за самооценување: Означи со Т ако исказот е точен и Н ако исказот не е точен

1. Трновската книжевна школа се развивала во 13 и 14 век

2.Јован Егзарх е бугарски писател од средниот век

3.При крајот на 13 и почетокот на 14 век во Србија се истакнува познатата Раашка сликарска школа Листа за соценување 0/3 повеќе работа 1/3 делумно 2/3-солидно 3/3 – извонредно исказот не е точен Овој работен лист сработи го во твојата тетратка.

Час 2: Утрвдување на постигањата на учениците

Од учениците се очекува да знаат: Да се провери и утврди колкав е степенот на усвоеност на знаења на учениците за тоа колку знаат за основните карактеристики на средновековните балкански држави, дали знаат да ги именуваат владетелите кај балканските средновековни држави, дали знаат да ги опишуваат процесите на создавање на Балканските средновековни држави, дали знаат да ги објаснуваат основните карактеристики на Османлиската држава, дали го разбираат уредувањето на Османлиската држава, дали знаат да ги толкуваат причините за потпаѓањето на Балканските земји под османлиска власт, дали ги објаснуваат културните достигања кај Балканските народи во средниот век и дали создаваат јасна слика за процесот на создавање на Балканските средновековни држави

Задачи за учениците:

1.Одговорете ги следните прашања: Препишете ги во своите тетратки и потоа одговорете ги прашањата: I . Одговори на следните прашања : 1. Кога, кој го формирал Второто Бугарско царство и кој град бил избран за негов престолнина? __________________________________________________ _____________________________________________________________________________________ _________________________________________________

2. Кој се основните причини за потпаѓње на Балканските земји по Османлиска власт ? _________________________________________________ _____________________________________________________________________________________ __________________________________________________

3. Кој се најпознатите манастири и книжевни центри во Србија во средниот век ? ______________________________________________________ _____________________________________________________________________________________ __________________________________________________

4. Како била поделена територијално Османлиската држава ?___________ _____________________________________________________________________________________ __________________________________________________

II . Дополни : 1. На територијата на Византија се формирале повеќе крстоносни држави познати како латински држави. Од нив попознати се _________________________________, __________________________________, _________________________________и _______________________________

2. Кон крајот на ________век , со освојувањето на ___________,Бугарија потпаднува под османлиска власт .

3. Во 1346 год. во_____________ Стефан Душан бил крунисан за цар .

4. Турците – Селџуци биле скитачко племе. Живееле по долината на реката ______________________ во денешен _____________________. Државата им била организирана во ________________________или ____________________ на чело со ________________________.

5.Во ________година сулатнот Мурат со голема војска се упатил кон Србија. Решавачката битка се водела на _____________________ и во истата победиле _________________.

6. Според големината на приходите спахиските имоти во Османлиската држава се делеле на _____________, ____________ и ___________ и овие имоти ги обработувало феудално зависното население или ____________. III Заокружи го точниот одговор : 1. Византија потпаднала под Османлиска власт во А. 1451 год. Б. 1452 год. В. 1453 год. 2. Средновековната српска држава најмногу територијално се проширила во времето на : А. Стефан Душан Б. Милутин В. Урош 2. Државна религија во Османлиската држава била : А. исламот Б. христијанството В. будизмот 3. Кнезот Лазар го наследил неговиот син : А. Душан Б. Стефан В. Никола 4. Посебен вид војска во Османлиската држава биле : А. јаничарите Б. фалангата В. легијата 5. Царот Калојан својата држава ја проширил кон Тракија и А. Србија Б. Македонија В. Грција

Напомена: Доколку нешто не е јасно слободно можете да ме контактирате на е- mail:dejan_angeleski1983@yahoo.com Вашиот наставник по Историја

Материјали за учење за учениците од 9-1 одд за временски период од 11.03.2020 до 18.03.2020 год.

Час 1. Народноослободителната борба во Македонија –Македонија во Втората светска војна

Задача:Проследи ја следната презентација и добро проучија

Час 2. Изработи табела за равојот на НОБ во својата тетратка Пример: 2 Август 1941 Илинденски демонстарации

22 Август 1941

12 Септември1941

16 Септември 1941

11 Октомври 1941

1942

Дополни кој одреди се формирани

19 Март 1943

2 Август 1943

18 Август 1943

11 Ноември 1943

31.01.-14.02 1944

Пролетта 1944

Септември-Ноември 1944

Напомена:Доколку нешто не е јасно слободно можете да ме контактирате на e-mail: dejan_angeleski1983@yahoo.com, Вашиот наставник по Историја Дејан Ангелески

Материјали за 6 одд одд. за временски период од 11.03.2020 до 18.03.2020 година.

 1 час:Наставна содржина:Внатрешни борби во римската држава

План на содржината: Од 74 до 71 година пне, на Апенинскиот полуостров се одвивало големо востание на робовите. Го започнале гладијаторите под водство на способниот гладијатор Спартак. Тој бил од Тракија и истакнувајки се со својата способност, бил одреден да ги вежба гладијаторите во гладијаторското училиште во Капуа Востанието започнало со бегство на околу 70 робови гладијатори на планината Везув. Подоцна на нив им се придружиле и мноштво други робови и незадоволни селани, па се зголемил бројот на над 60 000 востаници. Спартак востаничката војска ја организирал и извежбал по углед на римската, а оружје се стекнувало во битките. По почетните успеси востанието се проширило во цела Јужна Италија. Римјаните очекувале напад на Рим. Но намерата на востаниците била да заминат кон своите родни краеви и да ја напуштат Италија. Робовите по потекло од Апенинскиот полуостров се спротиставиле на тие планови. Тие сакале борба за здобивање на лична слобода и земја, и да им биде признато правото на римски граѓанин. Подвоеноста и недоразбирањата ги ослабнале силите на востаниците. Спартак се откажал од напуштањето на Италија, а командантот на Риимската војска Марко Крас со една победа го пресекол патот на востаниците кон Сицилија. Во 71 година пне се одиграла решавачката битка . Робовите биле поразени. Спартак се борел храбро како што и живеел. Ранет во ногата, се борел клечејќи додека не бил убиен. Околу 6ооо заробени робови биле за пример распнати на крстови на патот од Капуа до Рим. Така со страотни последици завршило ова најмасовно робовскао востание во светската историја. ЗАПОМНИ! Во римската држава во најтешка положба се наоѓале робовите, посебно гладијаторите. Најголемотото робовско востание во светската историја, било востанието на Спартак од 74 до 71 година пне, кое завршило без успех. Прилог: Наставен лист Задача: Препиши ги и одговори во твојата тетратка зададените прашања: 1.Кои робови се наоѓале во најтешка положба во римската држава ? 2.Кога било подигнато Спартаковото востание и до кога траело истото? 3.Опиши ги последиците од Спартаковото востание. 2 час:Повторување за Јакнење и проширување на римската држава и Внтарешни борби во римската држава Задачи за учениците: 1.Изработи табела за освојувањата на римската држава во својата тетратка. ПРИМЕР: 3 век п.н.е. Покорен Апенинскиот полуостров 3-2 век п.н.е. Пунски војни –освоена Картагина ...........

2.Изработи грозд за Спартаковото востание во својата тетратка. Напомена:

Доколку нешто не е јасно слободно можете да ме контактирате на е-mail:dejan_angeleski1983@yahoo.com Вашиот наставник по Историја