Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ – Наставен план. Задачи за период до 05.04.2020г. Наставник: Елена Димоска VI одделение

– Наставна содржина: Контраст, светло-темно –птица (молив и ахроматски бои) (ИКТ) -На стр.26 во учебникот ќе се потсетите за тоа кои се ахроматски бои. -На стр. 38 во учебникот ќе прочитате за светло – темен контраст. -Да се пронајде на интернет фотографија (не цртеж, туку фотографија) од птица која вам ви се допаѓа. Птицата од фотографијата треба да се прецрта на лист од блок, притоа користејќи само молив. Цртежот треба да се наслика со темперни бои, користејќи само црна, бела и сива боја. (Ќе ви биде од помош доколку избраната фотографија ја направите црно-бела во некоја од програмите за едитирање на фотографии, или во вашиот мобилен телефон). Фотографијата која сте ја избрале, заедно со вашата ликовна творба која сте ја насликале според избраната фотографија, испратете ми ги на e-mail: elenadimoska94@gmail.com Во subject напишете ги вашите податоци СО СЛЕДНИОТ РЕДОСЛЕД: Одделение, име и презиме. (Пример: VI-1, Daniela Mitreska)

VII одделение – Наставна содржина: Тонско сликање – пред кино екран (ИКТ) -На стр.39 и 40 во учебникот ќе пронајдете информации за тоа што е тон и ќе видите илустрации од хроматска и ахроматска тонска скала. - Да се изгледа еден игран или цртан филм, од кој ќе одберите една сцена која ви се допаднала и истата самите ќе ја насликате на лист од блок. Според информациите за тон и тонско сликање во учебникот, настојувајте да добивате разни тонови за да доловите светлина и сенки во вашата творба. Фотографиите од вашите ликовни творби испратете ги на мојот e-mail: elenadimoska94@gmail.com Во subject напишете ги вашите податоци СО СЛЕДНИОТ РЕДОСЛЕД: Одделение, име и презиме. (Пример: VII-1, Daniela Mitreska). Во пораката наведете од кој филм е сцената која сте ја насликале.

VII одделение – Наставна содржина: Костимографија и сценографија во театарска претстава (ИКТ) -На стр.65 во учебникот ќе најдете информации за да се потсетите за тоа што е костимографија. - Да се изработи колаж на кој ќе прикажете ваша идеа за костим за театарска претстава. Можете да користите различни материјали кои ќе ги залепите на подлогата и тоа: текстил, парчиња од весник, свежи или вештачки растенија, хартија во боја и сл. Во прилог ви доставувам и линк со примери за колажирана костимографија: https://www.fashion-era.com/costume_collages.htm Фотографиите од вашите ликовни творби испратете ги на мојот e-mail: elenadimoska94@gmail.com Во subject напишете ги вашите податоци СО СЛЕДНИОТ РЕДОСЛЕД: Одделение, име и презиме. (Пример: VIII-1, Daniela Mitreska).

IX одделение - Наставна содржина: Графички дизајн – изработка на корица од книга -На стр.87 во учебникот ќе се потсетите за тоа што е дизајн и која е неговата примена и ќе најдете примери за дизајнирање на корици за книги. - Да се изработи дизајн за корица за учебник по ликовно образование. Дизајнот не треба да биде веќе постоечкиот (оној кој веќе го има корицата од учебникот), туку ваш предлог, ваш сопствен дизајн. Бидете креативни, можеби во вас се крие идниот познат графички дизајнер . Техниката е по ваша желба, доколку некој знае да работи во некоја од компјутерските програми за дизајн, изработете ја задачата на компјутер. Фотографиите од вашите ликовни творби испратете ги на мојот e-mail: elenadimoska94@gmail.com Во subject напишете ги вашите податоци СО СЛЕДНИОТ РЕДОСЛЕД: Одделение, име и презиме. (Пример: VII-1, Daniela Mitreska).

ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ VI одделение – Наставен план за период од 11.03.2020г. До 24.03.2020г. до 24.03.2020г.по ликовно образование.

Наставник: Елена Димоска Наставни содржини: 1. Контрасна големина, боја и текстура – слободна композиција (Сликање) - Да се нацртаат форми кои ќе бидат контрастни (спротивни, различни) по големина. На пример, две јаболка од кои едното ќе е големо, а другото мало. - Истите форми треба да се насликаат со водени боички, користејќи контрастни бои (стр.34 во учебникот). На пример, доколку јаболката се црвени, подлогата на која се наоѓаат ќе биде зелена. - Сликајќи, обратете внимание на текстурата на површините кои ги сликате. На пример, доколку јаболката се мазни, подлогата на која се наоѓаат нека биде рапава. Околу тоа како се образува текстура при сликање ќе најдете примери на стр.30 во учебникот)

2. Хармонија во линија, контраст во боја- вертикална насока (вазна со цвеќе) (Сликање) - Листот хартија да се постави вертикално. - Со хармонични линии да се нацрта вазна со цвеќе (препорачливо е да се намести мртва природа од вазна со цвеќе доколку имате во домот и да се прецртува). Хармонија во линијата значи дека треба да користите слични линии. На пример: тенки или дебели, но не комбинирано тенки и дебели). - Веќе нацртаната вазна со свеќе да се наслика со водени боички, котистејќи контрастни бои од палетата, исто како и во предходната задача (стр.34 во учебникот). Реализираните ликовни творби испратете ги на e-mail: elenadimoska94@gmail.com. Во пораката задолжително напишете го вашето одделение, име и презиме (по наведениот редослед).

VII одделение – Наставен план за период од 11.03.2020г. До 24.03.2020г. до 24.03.2020г.по ликовно образование. Наставник: Елена Димоска Наставни содржини: 1. Видови линии – подводен растителен свет со молив (Цртање) - Да се нацртаат подводни растенија и животни со различни големини, користејќи разни видови на линии како: Контурна, текстурна, права, крива, дебела, тенка итн. (стр.9 во учебникот) 2. Рамнотежа, симетрија, асиметрија – слободен избор на мотивот, молив (Цртање) - Да се нацрта со молив цртеж по слободен избор на мотивот (може да биде архитектура, мртва природа, фигуративен цртеж итн.), во кој ќе се содржи ликовниот принцип рамнотежа (стр.19 во учебникот), користејќи само молив како алатка. Реализираните ликовни творби испратете ги на e-mail: elenadimoska94@gmail.com. Во пораката задолжително напишете го вашето одделение, име и презиме (по наведениот редослед).

VIII одделение – Наставен план за период од 11.03.2020г. До 24.03.2020г. до 24.03.2020г.по ликовно образование. Наставник: Елена Димоска Наставни содржини: 1. Перцепција и анализирање односи на симетрија во околината и уметничките дела - Во учебникот на стр.23, стр.47 и стр.59 ќе најдете примери за симетрија во природата, сликарството, скулптурата и архитектонските решенија. Прочитајте го текстот за рамнотежа и направете кратко он-лајн истражување за симетрични и асиметрични примери на рамнотежа во сликарството, скулптурата или архитектурата. Вашата задача е да пронајдете на интернет три фотографии од симетрична и три фотографии од асиметрична рамнотежа по ваш избор. Ставете ги во папка и испратете ми ги на e-mail: elenadimoska94@gmail.com. Во пораката задолжително напишете го вашето одделение, име и презиме (по наведениот редослед). 2. Тродимензионални форми шрафирани со густина на линии (туш и перо); (Графика) - Искористете ги предходните знаења за да создадете графички цртеж кој ќе содржи тридимензионална форма (коцка, топка, пирамида, конус итн.) обликувана со шрафирање и сенчање, користејќи туш и перо или црн мастилен рапидограф. Примери има во учебникот на стр.38 илустрации: “Емилио Греко: Volto, туш, перце”, и “Студија за раце, туш, перце”. Реализираните ликовни творби испратете ги на e-mail: elenadimoska94@gmail.com. Во пораката задолжително напишете го вашето одделение, име и презиме (по наведениот редослед).

IX одделение – Наставен план за период од 11.03.2020г. До 24.03.2020г. до 24.03.2020г.по ликовно образование. Наставник: Елена Димоска Наставни содржини: 1. Цртање цртеж за графика (мртва природа); (Графика) - Според предходните сознанија, верувам дека го паметите правилото дека пред изработка на било каква графика, прво се прави скица на она што сакаме да го изработиме и да го припремиме како клише(матрица) за печатење. - Вашата задача за оваа наставна содржина е да изработите скица за графика (цртеж со молив) со мотиви од мртва природа која може да ја цртате по имагинација, по пример од фотографија или по наместена мртва природа која сами ќе си ја составите во домот. (овошје, зеленчук, садови, вазни со цвеќе, маса со храна, музички инструмент итн.) - Цртежите треба да бидат нацртани со молив, и исенчани со шрафирање (прави линии со различна густина) 2. Контраст светло-темно, припрема за графика – клише (Графика, линорез) - На стр.74-81 во учебникот ќе најдете многу информации и илустрации со примери во врска со графиката и печатењето, кои ќе ви користат понатаму. - На парче линолеум со индиго пренесете ја (прекопирајте ја) скицата со мртва природа од предходната наставна содржина, повторувајќи по веќе нацртаните линии. Повторувањето вршете го со пенкало одозгора над скицата со молив, за да знаете кои површини сте ги повториле а кои не. - Следен чекор е длабење на линолеумот со алатки за линорез коио сите ги имате, по линиите кои се прекопираа од индигото. - Издлабениот линолеум е подготвен за печатење. Печатењето се врши така што го боите линолеумот во една боја, а по тоа на него ставате лист хартија кој внимателно го тапкате и триете на клишето за да добиете успешен отпечаток. *Доколку не сте во можност да излезете од домот за да набавите линолеум или друг неопходен материјал кој ви е потребен за техниката линорез, можете да изработите и монотипија, која е поедноставна за изработка. На парче тврд картон со течен лепак, залепете вуница или тенко јаже образувајќи форми слични на тие на скицата, и оставете да се исуши. Можете да залепите и парчиња текстил со различна текстура, чепкалки за заби, листови од растенија, зимзелени мали гранчиња итн. Така ќе добиете матрица за печатење со испакнати површини. Печатењето се врши така што ќе нанесте водени бои на подлогата и испакнатите површини и картонот ќе го втиснете на хартија. Во прилог ви доставувам линкови за полесно снаоѓање: https://www.deckleedge.co.za/make-linocut-print/ http://polykromos.blogspot.com/2010/04/monoprinting-with-watercolor.html Реализираните ликовни творби испратете ги на e-mail: elenadimoska94@gmail.com. Во пораката задолжително напишете го вашето одделение, име и презиме (по наведениот редослед).