Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Блаже Конески Прилеп

Материјали за учење

Почитувани ученици за тековнава работна недела ќе треба да ги сработите следниве задачи:

 1)Мит и митологија Лекцијата се наоѓа во учебниците на страна 53.Прочитајте општо за митологија и митовите кои ги има во учебникот и посебно обрнете внимание на карактеристиките на митовите (По што вие ќе ги препознавате).Исто така повеќе информации можите да најдите доколку истражувате на интернет. 2)Секој од вас да прочита мит,(можите да барате на интернет или во некои енциклопедии)да ја прераскажите содржината и да посочите според кои елементи се вбројува во мит.

3)Втора писмена работа За начинот на работа на писмената работа ќе се договориме во фб групата(дадов некои предлози таму)или ќе комуницираме преку емаил. *Дадениве задолженија сработете ги и испратетеми ги на мојата емаил адреса до среда за да можиме во четврток или во петок да ја сработиме писмената работа. Ви посакувам пријатна работа и работете ги дадените задолженија.

Почитувани ученици,најпрвин да ве поздравам и да ве информирам дека од 01.04.2020 год.задолженијата за наставните содржини по предметот Македонски јазик ќе ви ги испраќам јас. За периодот од 02.04 до 05.04 (од денес до понеделник се следни): -Како што претходно се догововоривте со наставничката Лора направете подготовка за писмена работа на тема Пролетта во мојот крај.Подготовките правете ги како што вам ви одговара (сакате на комјутер,сакате во тетратките за уцилишна работа)и испратетеми ги на мојата емаил адреса која ке ви на напишам кога ќе завршам со задолженијата кои треба да ви ги дадам.Ве молам подготовките да бидат испратени најкасно до утре 03.04.до 18 часот.(Ова е прва задача). -Втората задача е обработка на лектирата Најубавите митови.За да имате повеќе време искористете го викендов и секој од вас нека одбери по два митови кои ви оставија најголем впечаток,накратко раскажете ја содржината и направете ваша илустрација за истите.Договарајте се да не се повторуваат едни па исти митови со цел да се сработат сите.Исто така сработете онака како што правевме со претходните лектири-обработка по тие седум-осум точки кои ги правевме на вториот час од обработката на лектирите.Вашите изработки прајќајте ги на мојата емаил адреса jovanoskaljubica@yahoo.com најдоцна до недела вечер за да имате време од наредната недела да ги работите новите задолженија. Бидете добри,работете тоа што треба и чувајте се,седете дома

Македонски јазик за седмо одделение Предметен наставник – Лора Трајкоска Николоски Наставни содржини(1,2,3) за периодот 11.03.2020 – 13.03.2020

1 час- Интерпретација на текст ,,Илиевата мајка“-Глигор Поповски;монолог и дијалог; (Литература) - Прочитајте го внимателно текстот. -Направете кратка анализа на текстот. - Определете тема и идеја.

2 час- Прераскажување на фабулата на содржина на текстот ,, Илиевата мајка’’- Глигор Поповски. (Литература) -Прераскажете го текстот во училишните тетратки. *Обрнете внимание во кој род ќе го сторите тоа.

3 час - Продолжување на текстот,,Двете ѕвезди“-Петко Домазетовски; - Изразно прочитај го текстот „ Двете ѕвезди” од Петко Домазетовски по делови - Кој е наратор и во кое лице раскажува? -Определи ја темата на текстот . - Описи во текстот (со цитирање, каде и што се опишува) -Определи ја идејата на текстот.

Наставни содржини(4,5,6,7)за периодот од 16.03.2020 – 20.03.2020

4 час - Приближна бројност; - Да ги повторат содржините за броеви кои ги изучувале. - Да извлечат заклучок дека постојат два начина за искажување, приближна бројност. - Да напишат реченица во кои ќе користат броеви за приближна бројност и од двата начина на образување. - На пример: - 1. Точни беа седум – осум одговори. - се поврзуваат два последователни броја: Пет – шест, тричетириесет, пет – шеесет 2. Имаше околу триесетина компјутери. - се образуваат со наставката – ина.

Домашна работа: Во текстови од учебникот да пронајдат примери со броеви за приближна бројност.

5 час – Подготовка за писмена работа, презентација на домашната задача.

6 час – Втора писмена работа. - Бидејќи во периодов ни беше планирано реализација на втората писмена работа во рамките на подрачјето изразување и творење , учениците имаат задача да напишат состав една од следниве теми: ,,Продолжение на текстот Леб за тате’’ ,,Пристигна пролетта во мојот крај’’ ,, Во светот на возрасните, како јас би се справил/а со новонастанатата ситуација’’

7 час – Вежби за броеви Презентација во Power Point